Рим во проблеми: „Олимпико“ може да остане без публика?

УЕФА му даде на Рим рок до 19 април да ја дефинира ситуацијата за присуството на гледачи на „Олимпико“, но во италијанската престолнина уште не ја разгледаа ситуацијата.

Прва опција е стадионот да има 10.000 гледачи, а во игра е и можност да се пуштат до 20.000 гледачи на трибините, но се чека дозвола од здравствената организација.

„Би било пожелно УЕФА да ни даде повеќе време, зашто е тешко да се направи прогноза за случувањата кои ни следат во наредните два месеци“, вели Франко Локатели, советник на Владата.