Рисе ја заврши кариерата – Се завршува сега


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поранешниот норвешки репрезентативец, Џон Арне Рисе одлучи да му каже збогум на фудбалот.

Рисе кој со Ливерпул во 2005-та година ја освои ЛШ, после играњето во матичниот клуб Алесунд донесе одлука да се повлече бидејќи не може да игра на високо ниво.

„Мојата цел беше да играм до 40-та година во најсилната норвешка лига, но тоа нема да се случи. Се завршува сега. Сакам да играм фудбал, мотивацијата секогаш е голема, но ова тело и оваа глава поминаа многу во последните 20 години“, напиша Рисе.

Во текот на својата кариера, Рисе 110 натпревари одигра за норвешката репрезентација, а покрај тоа што играше за Ливерпул и Алесунд имаше шанса да игра за Апоел, Делхи Динамос, Фулам, Рома и Монако.