Ристовски го доби дресот на Ливаковиќ од мечот со Јапонија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го пречека неговиот колега Доминик Ливаковиќ кој блесна на Мундијалот во Катар и притоа си доби подарок од талентираниот голман.

Ливаковиќ бранеше фантастично и му помогна на својот тим да го освои бронзениот медал на Светското првенство (СП).

Ристовски се пофали на социјалните мрежи дека го добил дресот на Ливаковиќ од дуелот против Јапонија во нокаут-фазата.