Ристовски и Адеми му пресудија: Челси го отпушти Тухел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси доживеа неуспех на гостувањето кај Динамо Загреб и загуби со 0-1 на стартот на групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ова е уште еден лош резултат за „сините“ од почетокот на сезоната, иако новиот газда Тод Боели ангажира голем број засилувања и потроши околу 300 милиони евра.

Поразот во Загреб предизвика нетрпението на Боели да резултира со отказ за Тухел, кој заминува по успешната авантура во Лондон откако освои трофеј во Лига на шампиони (ЛШ), како и во европскиот Суперкуп, но и Светското клупско првенство.

Засега не е познато кој ќе го наследи Тухел, но набрзо се очекува да се појават имињата на тренерите кои се кандидати за жешкото столче.