Ристовски ќе брани за Вардар и следната сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот чувар на мрежата Борко Ристовски ќе остане во екипата на поранешниот европски шампион Вардар и следната сезона, 2022/23.

Ристовски стави потпис на едногодишна соработка и кажа дека е подготвен да им биде ментор на неговите помлади колеги, Мартин Томовски и Васил Гогов.

„Во спортот не може со сигурност да кажете уште колку време ќе играте. Важно е да сум здрав и да тренирам. Сакам да им го отстапам местото на помладите колеги. Ме радува тоа што Томовски се развива во одличен голман. Го имаме и Венио Лосерт, кој е големо име и добро е што работиме со него. Се забележува напредок и кај Гогов“, вели Ристовски.

Македонскиот голман пристигна во Вардар во 2020 година, кога тимот се соочи со сериозни проблеми.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961