Ристовски по катастрофата во Минхен: Извинете, се надевам дека ќе ни простите


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Динамо Загреб доживеа тежок пораз на гостувањето кај Баерн Минхен (2-9) во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше разочаран по дебаклот на хрватскиот шампион и им се извини на навивачите.

„Би сакал да им се извинам на навивачите на Динамо, се надевам дека ќе ни простат. Не е лесно да се излезе пред новинарите по ваков пораз. Мора да бидеме свесни дека ние го претставуваме клубот, но и хрватскиот фудбал“, кажа Ристовски.