Ристовски се повлече од репрезентацијата на Македонија – се скарал со Милевски!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија остана без капитенот Стефан Ристовски, кој соопшти дека во следниот период нема да игра за националниот тим, а една од причините е караница со селекторот Благоја Милевски.

Ова е уште еден доказ дека постојат сериозни проблеми во македонската репрезентација, а засега не делува дека ќе бидат надминати во краток временски период.

Ристовски веќе 15 години е репрезентативец кој ја наследи капитенската лента по пензионирањето на Горан Пандев по ЕП 2021.