Ристовски со 16 одбрани го запре Алборг и му донесе победа на Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар одигра одличен натпревар против Алборг на домашен терен и славеше со 30-28, а еден од најдобрите на теренот беше голманот Борко Ристовски со 16 интервенции.

Ристовски бранеше фантастично на голот и одбрани дури 16 удари кон неговиот гол. Тој одбрани и три пенали и целосно ги излуде Данците.

Одлични во екипата на Вардар беа и браќата Кевин и Оливие Њокас, но и Жереми Тото кој беше фантастичен пред голот на Алборг.

Ова е втора победа во групната фаза за Вардар, кој сега има пет бодови по три одиграни натпревари.