Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжи подготовките за дуелите во Лигата на нации, а следниот го игра против Грузија на 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“, а три дена подоцна го пречекуваме составот на Гибралтар.
Милан Ристовски смета дека заедништвото и тимскиот дух може да ни донесе триумф против Грузија.
„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“, вели Ристовски.
ФОТО: ФФМ