Ристовски: Заслуживме многу повеќе во Грузија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија загуби со 0-2 на гостувањето кај Грузија во Лигата на нации и така ги загуби шансите за прво место и можноста за борба за пласман на Европското првенство (ЕП) 2024 преку натпреварувањето.

Напаѓачот на Македонија, Милан Ристовски кажа дека нивните грешки се причина за лошиот резултат и неуспехот во Лигата на нации.

„Жал ни е што загубивме на наши грешки. Паѓаме на психолошки момент, но заслуживме многу повеќе затоа што имаме квалитет. Останува да одмориме и потоа да ги анализираме грешките. Се надевам дека ќе бидеме подготвени за Бугарите“, кажа Ристовски.

Македонија в понеделник го игра последниот меч во Лигата на нации против Бугарија во Скопје.