Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кошаркарската репрезентација на Србија во осминафиналето на Евробаскет ќе ги покаже своите вештини против селекцијата на Финска.
Србија ја заврши групната фаза на Европското првенство на второто место, бидејќи во директниот дуел за лидерската позиција во А групата претрпе пораз од репрезентацијата на Турција (90:95).
Орлите на тој начин во осминафиналето ќе се сретнат со третопласираната екипа од Б групата, а тоа е непријатната селекција на Финска.
Следниот противник на Србија привлече големо внимание од јавноста со еден крајно бизарен ритуал. Имено, на социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како кошаркарите на Финска се мотивираат пред натпреварот.
Верувале или не, тоа го прават удирајќи си шамари еден на друг!
На снимката која ги запали социјалните мрежи може да се види како Јакоб Грандисон приоѓа до секој од соиграчите и им дава и прима шамар, додека останатите скокаат и бодрат!
Фото: Принтскрин