Риверс го напушти Клиперс, но експресно си најде нова работа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс е нов стратег на Филаделфија, како што објавија американските медиуми.

Риверс по дводневни преговори со генералниот менаџер Елтон Брендон и сопствениците на франшизата си договорил соработка на пет години.

Филаделфија ќе се обиде околу Џоел Ембид и Бен Симонс да создаде тим со кој би можел да ја нападне титулата во блиска иднина.

Риверс во трката за тренерското место ги победи Мајк Дантони и Тајрон Лу, кои биле кандидати.

Поранешниот тренер на Орландо и Бостон неодамна се раздели со Клиперс, откако во полуфиналето на Западот загуби од Денвер.