Роберт Левандовски го напушта Барселона


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Легендарниот полски напаѓач Роберт Левандовски (37) ја напушта Барселона на крајот од сезоната.

По четири години соработка, раководството на Барселона одлучи да не продолжи соработката со Роберт Левандовски и Полјакот ќе ги напушти редовите на каталонскиот клуб по истекот на договорот.

37-годишниот Полјак имаше опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Сепак, клубот нема да ја активира оваа клаузула и тој од следното лето ќе биде слободен играч.

„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој заминува од клубот”, тврди The Athletic.

Каталонците решија да дадат простор на некој помлад. Левандовски е во познати години и на почетокот на следната сезона ќе го прослави својот 38. роденден. Барса смета дека неговото време помина, иако на теренот не изгледа така.

Лева е и оваа сезона феноменален. Постигна осум гола во 15 настапи, а врвни игри имаше и претходните три години во кои блескаше пред противничкиот гол.