Робертсон се налути поради однесувањето на фудбалерите на Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул беше поразен во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони од Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 0-1.

Меѓу фудбалерите на Ливерпул по поразот владееше нервоза, а најмногу поради начинот поради кој домаќините го трошеле времето, а посебно лут беше Енди Робертсон.

„Славеа како да се пласирале понатаму и тоа по само еден меч. Полека… Имаме неколку недел до реваншот, ќе се подготвиме најдобро што можеме, а тука ќе бидат и нашите навивачи. На Атлетико е да се појави. Може д апочнат да паѓаат по теренот и така да ни влезат под кожа, како што го направија тоа на првиот меч. Имаме 90 минути да ги вратиме работите каде што им е местото“, порача Робертсон.

Ревнашот меѓу Ливерпул и Атлетико се игра на 11 март на „Енфилд“.