Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) славеше на гостувањето кај Бенфика со 3-1, а асистент при првиот гол беше Енди Робертсон.
Во изјава за „Би-Би-Си“, Робертсон кажа дека натпреварот бил тежок, а притоа го коментираше и однесувањето на противничките навивачи кои го гаѓале неколку пати со запалки.
„Не беше лесно, иако можеби во првото полувреме требаше да постигнеме уште некој гол. Сакавме да одржиме притисок, но тие успеаа да постигнат гол што ги крена нивните навивачи на нозе. Третиот гол беше важен за нас. Повеќе пати изведував корнери и ме гаѓаа со запалки, ама тоа е добро затоа што некој можеби ќе прекине да пуши, ако гледам на тоа од позитивната страна“, вели Робертсон.