Роботи на тренингот на Реал Мадрид – пресметката со „кралевите“ заврши неочекувано! (Видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најдобрите клубови секојдневно испробуваат иновации за да ја унапредат својата игра, а интересно е тоа што на тренингот на Реал Мадрид се појавија роботи.

Лука Модриќ и друштвото вежбаа слободни удари преку импровизиран жив ѕид, но овој пат тоа изгледаше поразлично од претходно.

Роботите беа програмирани на тој начин да изгледа како да скокаат како фудбалерите за време на натпреварите и беше вистински предизвик да се постигне гол.

Сепак, фудбалерите на Реал немаа проблеми и лесно го префрлуваа роботскиот жив ѕид.