Робсон- Кану и официјално ново засилуваање на Вест Бромвич!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Тони Пјулис доби очекувано засилување во нападот.

Како што и најавувавме, ново засилување на ВБА е репрезентативецот на Велс Хал Робсон – Кану.

Поранешниот фудбалер на Рединг експлоадираше на ЕП, привлече внимание на голем број на клубови, а посебно интересно е дека имаше и многу големи понуди од Кина и Обединетите Арапски Емирати, но сепак се одлучи а не оди по патот кон парите, веќе да проба да ги искористи добрите партии од репрезентацијата со цел да направи што подобра кариера.

Кану во текот на кариерата играше и за Саутерн Јунајтед, какои и за Свиндон Таун.

Во дресот на Реадинг одигра 228 лигашки мечеви, а за тоа време постигна 30 голови.

Во дресот на националниот тим одигра 35 дуели, за тоа време запиша четири голови, а два постигна на ЕП во Франција и тоа можеби и два најважни голови за Велс на целата турнеја.