Родриго донесе конечна одлука за иднината во Реал Мадрид


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во изминатите недели имаше многу шпекулации дека Родриго сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи е незадоволен од својот статус во тимот, и дека само Чаби Алонсо може да го натера да ја промени својата одлука. Сепак, Бразилецот не сакаше да ја чека завршницата на сезоната и веќе донесе конечна одлука.

Родриго во изминатите сезони беше еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид и постигна некои од клучните голови во борбата за трофеите.

Родриго изјави дека ќе ја промени својата одлука само ако Чаби Алонсо му каже да остане и дека му е потребен, што изгледа и се случи.

„АС“ објави денес дека Родриго донесе конечна одлука и реши да остане во Реал, и дека клучен бил разговорот што го имал со новиот тренер на тимот.

„АС“ наведува дека Родриго никогаш не сакал да го напушти Реал и дека тоа е неговиот соништа тим, но поради недостигот на играње беше приморан да реагира за да види дали новиот тренер посериозно ќе смета на него.

Алонсо му даде до знаење на Родриго дека е дел од неговите планови и се надева дека ќе остане во клубот, но искрено му кажа и дека не може да му гарантира место во првата единаесетка и дека за тоа секој играч мора да се избори.

Фото: Принтскрин