Ројс донесе одлука која ги изненади сите во Дортмунд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марко Ројс донесе одлука која ги изненади сите во Борусија Дортмунд. Тој кажа дека повеќе нема да биде капитен на екипата и улогата ќе му ја препушти на друг колега.

Ројс игра за „милионерите“ веќе 11 години, а минатата сезона испушти шанса да го освои пехарот во Бундеслигата.

„За мојата одлука го информирав раководството на тимот и тренерот Терзиќ, кои прифатија без двоумење. Ви благодарам за поддршката во изминатите години“, кажа Ројс, но не објасни зошто се решил на таков потег.

Капитенската лента се очекува да му припадне на голманот Грегор Кобел.