Ројс купи пиво за 80.000 навивачи на последниот меч за Дортмунд


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Борусија Дортмунд се раздели со Марко Ројс, кој го одигра последниот меч на домашен терен и се збогува со „жолтиот ѕид“.

Речиси 80.000 навивачи беа присутни и го испратија Ројс од клубот, а тој реши да ги почести со пиво.

„Ви благодарам за сè. Последната тура пиво е на моја сметка“, напиша Ројс.

Ројс во кариерата одигра 427 меча за „милионерите“, а притоа постигна 169 голови.