Ролан Гарос ќе се одржи според планот со присуство на навивачи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Организаторите на вториот гренслем-турнир во сезоната Ролан Гарос се убедени дека годинава турнирот ќе се одржи според планот и со присуство на публика.

Турнирот минатата година беше организиран во октомври, и тоа на необични услови за игра, а дневно во комплексот можеле да влезат до 1.000 луѓе.

Генералната директорка на Тениската федерација на Франција смета дека турнирот ќе се одржи од 17 мај до 6 јуни.

„Нашата желба е во соработка со Владата на Франција и почитување на сите препораки за заштита од вирусот, да го организираме Ролан Гарос според планираниот распоред, од 17 мај до 6 јуни. И тоа со најголемо можно присуство на навивачи, секако со дозвола на влста“, соопштија организаторите.