Рома е блиску до ангажирање на нов тренер, навивачите не го сакаат ни близу до клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома и понатаму е во потрага по нов шеф.

Клаудио Раниери беше привременото решение после отказот на Еусебио Ди Франческо, а сега управата на Волчицата сака да пронајде стратег кој ќе ја врати екипата на „правиот пат“.

Едно време се шпекулираше дека првата мета на Римјаните е Гасперини, но искусниот стручњак пред неколку денови го продолжи договорот со Аталанта, па јасно е дека од неговото доаѓање на Олимпико нема да биде ништо.

Во Рома се разгледуваа и други опции, а наводно прва желба на управата на Волчицата е српскиот стручњак Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ не успеа да ја спаси Болоња од дисквалификација во минатата сезона во Серија А, а поголемиот дел од управата на Рома смета дека тој ги има потребните квалитети за нивниот тим.

Наводно еден од најглансите говорници за ангажманот на Михајловиќ е новиот спортски директор Џанлука Петрачи.

Меѓутоа, навивачите на Рома стануваат се погласни во изразување на незадоволството поради можното доаѓање на Михајловиќ.

Најжестоките навивачи не го сакаат Михаловиќ на клупата на Рома поради неговото минато во редовите на најголемиот ривал, Лацио.

Михајловиќ во минатото се изјаснуваше како навивач на Лацио, а тоа е единствената работа која навивачите на Рома никогаш нема да можат да ја опростат, па по Рим почнаа да се појавуваат и првите графити против неговиот ангажман.

Сепак, Михајловиќ две години ги помина и во дресот на Рома, но тоа не беа неговите најславни денови.

Од другата страна, во дресот на Лацио дојде до освојување на Скудето трофејот и освои два Купа на Италија.

Сигурно е дека управата на Рома ќе мора добро да размисли пред да го ангажира Михајловиќ со оглед на тоа дека во изминатиот период многу ги запоставија навивачите…