Рома е на чекор од трансфер со играч на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од Рим сака да ја засили својата одбрана пред почетокот на наредната сезона.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Пабло Забалета најверојатно ќе стане нов играч на Рома.

„Темпо“ пишува дека преговорите се во поодмината фаза и дека наскоро се може да се заврши во добра насока по сите три страни.

Манчестер Сити ќе заработи околу 3 милиони евра за 31-годишниот десен бек, Рома ќе добие засилување на позиција која до некаде им е проблематична.

Воглавно, во наредните неколку дена се ќе биде доста познато, се верува дека овој трансфер ќе биде официјализиран до крајот на неделата.

Аргентинецот во својата кариера играше само за три клуба, Сан Лоренцо, Еспањол и Манчестер Сити каде што е веќе осум години.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 54 меча.