Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и поголемиот дел од европските гиганти, па така и Рома во последното коло од италијанскиот шампионат ќе ги претстави дресовите за идната сезона.
Клубот од Рим на социјалните мрежи објави фотографии од новиот дрес, кој по обичај изгледа прекрасно.
На дресот доминира бордо боја, а новитет се „громовите“ на ракавите и останатите делови од дресот. Тие ја симболизираат римската митологија.
Фудбалерите на Рома новата гарнитура ќе ја промовираат во недела, кога на „Олимпико“ пристигнува Парма.
Исто така, тоа најверојатно ќе биде последен меч за Един Џеко, кој на лето би требало да се пресели во некој друг европски гигант, но засега ништо не е сигурно.