Рома, Лацио и Салернитана под истрага на финансиската полиција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанската финансиска полиција изврши претрес во клупските простории на Лацио, Рома и Салернитана, како дел од истрагата за исплаќање високи суми на трансфери.

Истрагата против Рома се води за периодот меѓу 2017 и 2021 година и се однесува за трансфери на неколку фудбалери.

Полицијата врши истрага и за Лацио и Салернитана поради нивни меѓусебни трансфери на фудбалери затоа што имаат ист сопственик.

Сопственик на двете екипи до неодамна беше Клаудио Лотито, а наскоро истрагата треба да покаже дали некој од тимовите ги прекршил правилата.

Јувентус претходно поради финансиски малверзации беше казнет со одземање на 15 бодови.