Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е омилен меѓу навивачите, капитенот, водачот и вистински пример и поради тоа е најплатениот фудбалер во Рим, Един Џеко, може да се најде во незгодна ситуација.
Прекинот на фудбалската сезона им даде финансиски удар на сите фудбалски клубови, па се очекува во наредните години да се направат значително пониски трансфери отколку што беше случај досега.
Според „Газета Дело Спорт“, во случај сезоната да не заврши и Рома не го избори пласманот во Лигата на шампионите, римскиот клуб ќе побара од Џеко да се жртвува финансиски и да се согласи на помала плата во наредните сезони.
Џеко со бонуси заработува 7 милиони евра годишно и има договор до 2022. година. Идејата е да се намали неговата плата за 15%, а за возврат неговиот договор би бил продолжен за уште една година. Инаку договорот би бил раскинат што изгледа многу нереално.
Не е исклучена можноста за продажба, но нема да биде воопшто ефтина. Во случај на заминување на Џеко, ќе се бара помлад напаѓач. Моиз Кин и Душан Влаховиќ се опции, пренесува Гол.
Пред неколку недели, Џеко ги замоли своите соиграчи да се откажат од дел од својата плата додека трае финансиската криза, и така ја покажа својата лојалност кон својот клуб. Сепак, бидејќи модерниот фудбал е бизнис, фантастичниот напаѓач на крајот може да биде оној што ќе го плати цехот и да го напушти Рим.