Рома сакаат да го доведат Кин, но во Евертон се изненадени од понудата на Волчицата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми вчера објавија дека Моиз Кин може да се врати во Италија на крајот од оваа сезона.

Кин го напушти Јувентус минатото лето и реши да потпише за Евертон, но не му оди многу добро во англискиот клуб. Евертон издвои речиси 30 милиони евра за младиот напаѓач, но тој постигна еден гол на 26 натпревари.

20-годишникот неодамна беше во центарот на вниманието, откако организираше забава за време на домашната изолација, што дополнително го потресе неговиот статус во Гудисон Парк.

Медиумите во Италија пишуваат дека Кин сака да се врати дома, а Рома покажала интерес за него. Како што пренесува „Калчомеркато“, Рома и Евертон подготвуваат интересна размена на играчи.

Имено, Кин би пристигнал во Рома, а Џастин Клајверт би заминал во спротивна насока, но само по две години. Волчицата предложи Кин да дојде на двегодишен заем, а потоа тие ќе бидат обврзани да го откупат неговиот договор или да го вклучат Клајверт во трансферот.

Челниците на Евертон биле изненадени од ваквата понуда, но сè уште не се огласија и Рома се надева дека Кин би можел да дојде во Олимпико во текот на летото. Наполи и Милан исто така покажаа интерес за Кин, но се чини дека Рома има најдобра шанса да го донесе.