Романо ја реши дилемата за иднината на Алегри во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус испадна од Лигата на шампиони по поразот од Бенфика (3-4) во групната фаза, но калчолигашот не планира да го отпушти Масимилијано Алегри.

Познатиот спортски новинар кој ретко греши, Фабрицио Романо објави дека Алегри ќе остане тренер на „Старата дама“.

„Нема промени во ситуацијата на Алегри. Тој нема да добие отказ и нема да го напушти клубот без разлика на поразот од Бенфика“, напиша Романо.

Јувентус не игра добро ниту во Серија А, па веќе има 10 бода негатива зад лидерот Наполи по 11 одиграни кола.