Романо тврди дека сè е јасно: Мбапе на лето потпишува за Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе и во наредниот период ќе биде главна тема на светските медиуми, а новинарот Фабрицио Романо објави дека тој решил да го напушти ПСЖ.

Како следна дестинација се споменува Реал Мадрид, кој со години сака да го добие потписот на Мбапе и делува дека конечно ќе успее во намерата.

Романо објави дека во соблекувалните на Реал Мадрид и ПСЖ веќе се чувствува дека Мбапе наскоро доаѓа во Мадрид.

Иако до лето има уште неколку месеци во кои може да се промени сè, како пред неколку години, сепак Мбапе наводно бил сигурен дека сака да замине од Париз по неуспешните мисии да го освои пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ).