Роналдињо е уапсен поради лажни документи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо вчера беше уапсен во Парагвај.

Светски познатите медиуми објавија дека некогашниот фудбалер на Барселона е уапсен заедно со неговиот брат Роберт Асис, двајцата се откриени дека влегле во земјата со фалсификувани пасоши.

Роналдињо и неговиот брат не беа приведени на аеродромот за да не создадат медиумски бум, но потоа беа приведени и задржани од полицијата во претседателскиот апартман во хотелот “Јахти и голф клуб“ каде што престојуваа.

Роналдињо и брат не смеат да ја напуштат земјата се додека не бидат земени како докази нивните сведочења, и двајцата се изјаснуваат за невини и биле измамени од локален бизнисмен.

Пасошот на славниот фудбалер е конфискуван во 2018 година. Властите направија таков потег откако одби да плати казна од 2,3 милиони евра во 2018 година за нелегално изградба на мелница и објекти за складирање на езерото Гуаиба.

Инаку, причината за пристигнувањето на Роналдињо во Парагвај лежи во фактот дека тој треба да учествува во добротворен настан и исто така да ја промовира својата нова книга, Генијот на животот.