Роналдињо постигна пет гола и шест асистенции зад решетки за да добие – прасе од 16 кг! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвор во Парагвај веќе неколку дена поради обвинувања дека фалсификувал пасоши.

Роналдињо и неговиот брат влегле во Парагвај со лажни документи, а набрзо биле уапсени во хотел. Тие веќе неколку дена се во затвор, но очигледно на Бразилецот не му е толку лошо.

Поранешниот фудбалер учествуваше на турнир, каде што Роналдињо доби дозвола за настап и неговата екипа победи со 11-2, а очекувано Бразилецот бил најдобар на теренот.

Бразилецот постигна пет голови и шест асистенции, а како награда добил прасе од 16 кг, по што веднаш се појавија фотографии од затвор, на кои се гледа како Роналдињо игра фудбал.