Роналдо доби суспензија откако удри ривал во Суперкупот на С. Арабија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби суспензија од два натпревари поради црвениот картон во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.

Роналдо беше исклучен во 86. минута откако удри противнички фудбалер, а по црвениот картон сакаше да го удри и судијата.

Ѕвездата на Ал Наср пред комисијата кажа дека бил испровоциран за време на мечот, но тоа не го спаси од казна.