Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Најголемата фудбалска sвезда на денешницата, Кристијано Роналдо по два месеци се врати во Италија.
По прогласувањето на вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус, Роналдо беше меѓу првите фудбалери што го напушти Торино. Во меѓувреме, Португалецот престојуваше во Мадеира.
Јувентус ги повика странските играчи да се вратат во Италија, Роналдо доцна синоќа слета во Торино. Неговото враќање не можеше да го пропуштат италијанските новинари.
Искусниот фудбалер го напушти аеродромот Касел со обезбедување што обично го имаат само претседателите кога го напуштаат аеродромот. Заедно со колоната од неколку комбиња во кои беше негово семејството беа и два патролни автомобили.
Роналдо сега ќе биде 14 дена во карантин, каде ќе тренира индивидуално, а првиот заеднички тренинг со соиграчите е закажан да се одржи на 18. мај.
⚠️ JUVE, ECCO CR7! ⚽️
— Sportitalia (@tvdellosport) May 4, 2020
Partito da Madeira, Cristiano #Ronaldo è atterrato poco fa a #Torino con il suo jet privato.
➡️ Il campione della #Juventus dovrà sottoporsi ad una quarantena di 14 giorni prima di riprendere gli allenamenti con la squadra il 18 maggio#Sportitalia pic.twitter.com/HO8VEtdiqk