Роналдо е во голем проблем: Удри аутистично дете, па полицијата му тропна на врата! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се наоѓа под жестоки критики од јавноста поради неговиот потег по поразот на Манчестер јунајтед од 0-1 против Евертон, кога удри едно ауистично дете, по што му го скрши телефонот.

Роналдо беше гневен поради новиот пораз на неговиот тим, а фрустрациите ги истури врз едно невино момче, кое за првпат било на трибините да гледа натпревар.

Португалецот силно удри по раката на детето и му го скрши мобилниот телефон, а исто така му остави модринка на раката.

Портпаролот на полицијата потврди дека е почната истрага поради инцидентот за кој Роналдо се извини преку социјалните мрежи.