Роналдо е вонземјанин: Податоците за 36-годишниот фудбалер против Германија се неверојатни! 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо постигна гол и против Германија, иако тоа не ѝ беше доволно на Португалија да извлече позитивен резултат и загуби со 2-4.

Во дербито на второто коло на Европското првенство (ЕП), Германија ѝ оддржа лекција на Португалија, иако актуелниот европски првак прв постигна гол.

Во 15. минута по фуриозна контра Роналдо го совлада Мануел Ноер за водство на Португалците, но веќе на полувреме неговата репрезентација имаше негативен резултат.

Голот на Роналдо беше навистина импресивен, па следеше детална анализа за тоа што го направи во Минхен и уште еднаш тој успеа да ги помести границите на нормалното, иако станува збор за 36-годишен фудбалер.

Еден од најпопуларните фудбалери во светот успеа да претрча 92 метри за 14,2 секунди што делува навистина неверојатно бидејќи во еден момент на теренот ја намали брзината.

Максималната брзина која ја оствари беше 32 км/ч, па од него бил побрз само Јусеин Болт на трка од 100 метри, кога имаше максимална брзина од 37,85 км/ч.