Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома во 36. коло од Серија А го победи Јувентус со резултат од 2:0. Погодоците на натпреварот ги постигнаа Алесандро Флоренци и Един Џеко.
Кристијано Роналдо пружи солидна партија, но во второто полувреме можеби сам себе се доведе во непријатна ситуација без причина.
Португалецот дојде во недоразбирање со Флоренци при што тој му гестикулираше на противникот поради тоа што е низок и не е достоен да зборува со него.
После натпреварот Роналдо го доби она што го заслужуваше, Флоренци јасно му даде до знаење што мисли за него.
„Да го оставиме тоа што се случи на теренот. Ние два пати ја исфрливме топката а тој продолжи да игра. Тој е освојувач на Златната топка и мисли дека има право да прави што сака“, рече Флоренци.
За ситуацијата да биде полоша за Роналдо, Флоренци беше тој кој последен се смееше бидејќи постигна погодок а исто така и неговиот тим беше победник.