Роналдо и Георгина ја напуштија луксузната куќа по 10 дена!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед, и тоа во завршницата на летниот преоден рок, по што потпиша двегодишен договор со премиерлигашот.

Роналдо со семејството пристигна во Манчестер по репрезентативната пауза за да пронајде куќа во која ќе живее и тоа успеа да го направи брзо.

Роналдо и Георгина избраа вила во Манчестер чија цена е шест милиони фунти и изгледаа задоволни на почетокот, меѓутоа по 10 дена го напуштија имотот.

Англиските медиуми објавија дека Роналдо и неговото семејство ќе се преселат во друга вила, и тоа поради бизарна причина.

Причина поради која го напуштиле луксузниот дом е тоа што имало овци кои ги буделе преку ноќ.