Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Во третото четвртфинале добивме и трет тим од Саудиска Арабија кој ќе игра во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони.
Кристијано Роналдо и другарите вечерва без никакви проблеми ја совладаа Јокохама со резултат 1:4, а веќе по првите 45 минути беше јасно дека тимот од Саудиска Арабија ќе им нанесе пораз на Јапонците.
Фудбалерите на Јокохама издржаа дури 27 минути, а потоа Ал Наср започна многу силно, Дуран, Мане и Кристијано Роналдо беа стрелци. Дуран на почетокот од второто полувреме го реши прашањето за победникот, а поразот на својот тим го ублажи Ватанабе во 53. минута.
Победникот од дуелот Кавасаки (Јапонија) и Ал Сад (Катар) ќе игра против Ал Наср.
Инаку, од четвртфиналето сите натпревари се играат во Џеда во формат топ 8.
Фото: Принтскрин