„Роналдо и Сколс се најдобир фудбалери во мојата ера“

Капитенот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни откри кои двајца фудбалери се најдобри откако тој го следи фудбалот.

Погодувате, се работи за неговите двајца соиграчи, за легендарните фудбалери Пол Сколс и Кристијано Роналдо. Руни моментално е на теститање во екипата во екипата на Манчестер Јунајтед, а за клупскиот сајт истакна дека Пол Сколс и Кристијано Роналдо се над останатите.

„Пол Сколс е еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња. Неговите пасови, визија и начин на кој го контролираше темпото се неверојатни“, рече Руни, и додаде:

„Кристијано Роналдо е специјален фудбалер и така стана најдобар на светот. Некои работи кои ги работеше на тренингот ги пренеше и на натпреварите, а тоа се неверојатни работи, нешто што останатите фудбалери не можат ни да го замислат. Тој засекогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите на сите времиња“.