Роналдо им ги „уништи животите“ на тројца фудбалери на „ѓаволите“, а сега сака да си оди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред една година се врати во Манчестер јунајтед и многумина сметаа дека ќе ја заврши кариерата во премиерлигашот, но тој пред неколку дена побара трансфер.

Англиските медиуми објавија дека Роналдо бара трансфер и сака да го напушти клубот доколку пристигне пристојна понуда за неговите услуги.

„Мирор“ објави дека Роналдо имал свое влијание со доаѓањето во Манчестер и притоа им ги „уништил животите“ на тројца фудбалери.

Првиот кој бил на удар на Роналдо е Едисон Кавани, кој го напушти клубот откако му заврши соработката, а втор кој страдаше поради Португалецот е Ентони Марсијал.

Трет фудбалер кој е незадоволен поради Роналдо е Хари Мегваер, кој беше лидер и капитен на екипата, но почна да прави грешки и доби жестоки критики.