Роналдо испрати кратка порака до навивачите на Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во петтото коло од групната фаза во Лига Европа славеше против Шериф Тираспл со 3-0, а еден од головите постигна Кристијано Роналдо.

Роналдо по суспензијата од страна на клубот се врати на теренот и покажа голема желба да постигне гол, а конечно тоа му успеа на девет минути пред крајот на натпреварот.

На португалскиот фудбалер му олесна по постигнатиот гол, по што испрати кратка порака до навивачите на „црвените ѓаволи“.

„Голем труд и добра победа. Стоиме заедно. Одиме, Јунајтед“, напиша Роналдо.

Роналдо најверојатно ќе си замине од клубот, и тоа на лето затоа што не е во плановите на тренерот Ерик Тен Хаг, кој во претходниот период не му даваше голема минутажа.