Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед славеше со 2-1 против Ливерпул за прва победа во Премиерлигата сезонава, а интересно е тоа што Кристијано Роналдо доби шанса на теренот само во последните минути, додека Хари Мегваер остана на клупа.
Тренерот Ерик Тен Хаг реши да направи големи замени, кои очигледно имаа ефект на играта на „црвените ѓаволи“, по што Роналдо испрати порака преку социјалните мрежи.
„Секоја чест за Манчестер јунајтед. Ви благодарам за поддршката“, напиша Роналдо.
Роналдо претходно инсистираше да замине од Јунајтед, а наскоро најави и дека ќе ја објави цела вистина преку големо интервју.