Роналдо ја налути португалската јавност, мораше да реагира и власта со соопштение!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо предизвика бурни реакции во Португалија затоа што го користеше стадионот во Мадеира за да тренира и да ја одржува формата.

Ѕвездата на Јувентус неделава тренираше на стадионот, а тоа предизвика лута реакција на јавноста, која праша зошто на Португалецот му е дозволено такво нешто, а на сите останати им е забрането.

Меѓутоа, властите веднаш објавија соопштение во кое тврдат дека големата ѕвезда нема „специјална дозвола“ во ек на пандемијата на коронавирусот.

Регионалниот секретар за здравство, Педро Рамос кажа дека Роналдо немал дозвола да тренира на стадионот. Сепак, кажа дека Португалецот има право да вежба и да тренира ако го прави тоа во рамки со правилата, кои се на сила за сите луѓе.