Роналдо ја однесе Португалија во Катар и се запиша во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо заедно со Португалија ќе игра на Мундијалот во Катар, откако вчера беше подобар од Македонија во Порто со 2-0.

Еден од најдобрите натпревари во мечот беше Роналдо, иако не постигна гол, но сепак успеа да стигне до голем успех и да се запише во историјата.

Одличниот Португалец ќе заигра на петтиот Мундијал во кариерата, и тоа по ред, а со вакво остварување не може да се пофалат многу фудбалери.

Покрај Роналдо по петти пат на Мундијалот ќе игра Лионел Меси од Аргентина, а претходно такво нешто им успеа на Антонио Кабрахал, Рафа Маркез, Лотар Матеус и Џанлуиџи Буфон.

Роналдо го одигра првото Свертско првенство во 2006 година во Германија, по што играше во Јужна Африка, Бразил и Русија, а сега ќе заигра и во Катар.