Роналдо кажал каде и кога ќе ја заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо кажа дека има намера да ја заврши кариерата во редовите на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Роналдо има договор до 30 јуни 2025 година и тоа најверојатно ќе биде датумот кога ќе ја заврши професионалната кариера, освен ако во меѓувреме не падне договор за нова соработка.

Легендарниот напаѓач претходно постигна два гола против Ал Ахли и испрати моќна порака до сите во светот на фудбалот.

„Сакам да постигнувам голови и да победувам. Сакам да го правам ова додека нозете не ми кажат дека е доста. Велат дека Роналдо е готов, но јас продолжувам да им докажувам дека грешат. Уживам во фудбалот и најважно е тимот да победи“, кажа Роналдо.