Роналдо: Ќе играм и следната сезона, а потоа ќе размислам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во разговор со новинарите ги откри своите планови за иднинатата.

Роналдо кажа дека планира да игра во исто темпо и оваа сезона, а потоа ќе размисли дали ќе остане на теренот.

„Навивачите ме прават среќен и јас им возвраќам. Ќе играм и оваа сезона во вакво темпо, а потоа ќе размислам дали моето тело може да го издржи напорот“, кажа Роналдо

Португалецот игра за Ал Наср од јануари 2023 година, а по 12 натпревари сезонава постигна 12 гола и шест асистенции.