Роналдо ќе купува уште еден клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Славниот бразилски фудбалер Луис Назарио Де Лима, познат како Роналдо, одлучи да купи уште еден клуб.

Роналдо кој важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, веќе некое време во своја сопственост има 51 посто од акциите на Реал Ваљадолид, но набрзо се очекува да купи уште еден клуб и тоа во Португалија.

Роналдо на конференцијата за „Web Summit“ која се одржа во Лисабон откри.

„Во потрага сум по нов клуб кој сакам да го купам. Првично бев фокусиран за Чемпионшипот, но за таму би ми требал многу голем буџет, клубовите се скапи, посебно во Англија. Се свртев накај Португалија и сеуште барам клуб во кој ќе вложам“, откри Роналдо.

Објасни и зошто искешира 30 милиони евра за Реал Ваљадолид.

„Барав тим со голема историја, а Реал Ваљадолид за време на овие 90 години постоење долго играше во елитата. Сето тоа ми одговараше, од цена до фактот дека е единствен клуб во град во кој има повеќе од 300.000 луѓе и е на 40 минути возење од Мадрид. Тоа беше одлична прилика“, додаде познатиот Зуба, пренесува Ас.

Како играч Роналдо во свое време настапуваше за ПСВ, Барселона, Интер, Милан, Реал…