Роналдо ќе потпише нов договор, па ќе замине на позајмица!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Судбината на Кристијано Роналдо е уште една сапуница летово бидејќи Португалецот сака да си замине, но Манчестер јунајтед не планира да го продаде, а најновите шпекулации покажуваат дека премиерлигашот бил подготвенд а го пушти фудбалерот на позајмица, но само под еден услов.

Поругалецот сака да игра во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона, па поради тоа сака да се пресели во Атлетико Мадрид, откако Баерн Минхен и ПСЖ го одбија.

Атлетико нема пари да го откупи, но би можел да го ангажира на позајмица, меѓутоа Јунајтед ќе го пушти само ако Роналдо потпише нов договор.

Роналдо следната сезона треба да се врати во Јунајтед, кој најверојатно ќе обезбеди место во ЛШ, но засега ништо не е сигурно и се очекува во следниот период да биде решена оваа мистерија.