Роналдо ќе засили поранешен клуб, но за двојно помала плата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус се бори за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), но не им оди најдобро и поради тоа Кристијано Роналдо би можел да си замине од шпанскиот гигант.

Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за Португалецот, а менаџерот Жорж Мендеш веќе го понудил Роналдо на Реал Мадрид и ПСЖ, иако пристигнал негативен одговор од тие екипи.

Проблемот би можела да претставува платата на 35-годишниот фудбалер, зашто таа во моментов изнесува 31 милион евра годишно, а Јунајтед сака да го ангажира, но само ако Роналдо прифати двојно помала плата.

Роналдо пристигна во Јувентус во 2018 година, но договорот му завршува следната година и притоа не ги оправда очекувањата, односно „Старата дама“ не ја освои Лигата на шампиони.