Роналдо: Кога нема да дадам гол велат дека сум за во пензија, се навикнав…


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше задоволен по пресот со новинарите, откако постигна два гола во победата на Португалија против Узбекистан со 5:0 во втората фаза на Мундијалот.

Кога беше запрашан дали би сакал да се соочи со Лионел Меси за време на турнирот, португалскиот напаѓач не се задржа многу на таа тема.

„Би било убаво, но глупаво е прашањето… Најважно е она што се случи денес. Победивме и ја поминавме групата, а сега ни претстои подготовка за она што следи. Знаеме дека пред нас е тешка борба со Колумбија, но основната цел беше место во следната фаза и го остваривме. Играв добро и му помогнав на тимот“, изјави 41-годишниот Роналдо.

Португалија беше на удар на критики откако одигра нерешено со ДР Конго, но на теренот одговори силно.

„Напредуваме. Тоа е животот. Секогаш постојат предизвици и најважно е постојано да се усовршуваме. Зад нас е тешка недела во која критиките беа жестоки, особено насочени кон селекторот. По 23 години кариера, навикнат сум – кога е добро, Кристијано е феноменален, а кога не оди добро, тогаш сум стар и за пензија. Така ќе биде секогаш. Но, ова беше вистинскиот одговор од мене и моите соиграчи. Игравме добро, вршевме голем притисок и кога Португалија игра на таков начин, тешко е да се сопре. Не е случајно што постигнавме пет голови“.

Со голот на овој натпревар, Роналдо му се приклучи на Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд меѓу стрелците на Мундијалот, и нагласи дека никогаш не се двоумел во своите способности.

„Секогаш се појавувам кога треба. Можеби не така брзо како што луѓето очекуваат, но сум тука. Затоа и продолжувам да работам и верувам во мојата работа. Работам напорно, а Бог ми помага.